
Ова е прва експедиција од бродоломот во Северноатлантскиот Океан од 2004 година, соопштија од "РМС Титаник". Адвокатите на компанијата потврдија дека се планира експедиција, но без детали
НОРФОЛК, ВИРЏИНИЈА (АП) - Компанијата која има ексклузивно право да го извлече "Титаник", планира во 2010 да направи експедиција до местото на најславниот бродолом.
Ова е прва експедиција од бродоломот во Северноатлантскиот Океан од 2004 година, соопштија од "РМС Титаник". Четири дена ќе се одржуваат сослушувања во врска со наградата која ја бара компанијата за извлекување на останките. Адвокатите на компанијата потврдија дека се планира експедиција, но не ги објавија деталите.
Сослушувањата, на кои ќе сведочат разни експерти, ќе ги води судијката Ребека Смит, која ги смета останките за "меѓународно богатство".
|