Велат дека кога врне дожд, душите на мртвите доаѓаат да ги видат оние кои најмногу ги сакале. Затоа кога јас нема да бидам таму кај што си ти дождот нема никогаш да престане.
Популарната социјална интернет мрежа „Фејсбук“, која има 250 милиони корисници ширум светот, може да ја загрози стабилноста на љубовните врски, покажуваат резултатите од истражувањето на група научници од канадскиот Универзитет во Гелф.
Со истражувањето биле опфатени 308 студенти-членови на „Фејсбук“ на возраст од 17 до 24 години, меѓу кои 231 девојка и 77 момчиња, пренесе МИА.
На почетокот на истражувањето 50,5 отсто од нив биле во „сериозна врска“, една третина биле слободни, а 8,3 проценти биле во „отворени врски“ со еден или повеќе партнери.
Резултатите од истражувањето покажуваат дека „активностите“ на партнерите на „Фејсбук“ ги зголемува љубомората и сомнежите, како и дека девојките манифестирале поголема љубомора од момчињата.