Велат дека кога врне дожд, душите на мртвите доаѓаат да ги видат оние кои најмногу ги сакале. Затоа кога јас нема да бидам таму кај што си ти дождот нема никогаш да престане.
Иако Facebook и понатаму го држи врвот на мрежите за друштвено поврзување, неодамна се појави уште една социјална мрежа која сериозно може да му запркоси на младиот Зукерберг и неговите партнери.
Skinbook се опишува како „сајт број еден за поврзување на нудистите и љубителите на природното“.
Skinbook, исто како и Facebook, им овозможува на своите корисници да склучуваат пријателства, да поставуваат фотографии и видео фајлови, формираат групи, креираат настани итн.
Но, има ли Facebook т.н „naked blog“ кој изобилува со голи фотографии?
Skinbook е создаден со цел да ги поттикне луѓето да се чувствуваат убаво во сопственото тело, дури и доколку не се горди на сопствениот изглед.
Карл Медокс, еден од сопствениците на сајтот, вели дека го создал Skinbook како форум на кој група студенти од Манчестер разменувале искуства и препораки за летувања и места кои пропагираат нудизам.
Интересот за овој сајт се повеќе се зголемува, па така од еден обичен форум Skinbook се трансформираше во вистинска социјална мрежа со повеќе од 25.000 членови, нудисти, кои претежно доаѓаат од Велика Британија.