Велат дека кога врне дожд, душите на мртвите доаѓаат да ги видат оние кои најмногу ги сакале. Затоа кога јас нема да бидам таму кај што си ти дождот нема никогаш да престане.
Во денешно време, секогаш некаде брзаме и често се чувствуваме како темпирана бомба. Следните совети ќе ви помогнат да се опуштите:
- Ако во текот на денот не изедете овошје или зеленчук задолжително испијте некој суплемент, најдобро мултивитамин.
- Ако планирате да носите контактни леќи подолго време или пак работите во затворена просторија, со себе секогаш носете вештачки солзи или капки за очи.
- Со себе секогаш носете антибактериски влажни марамчиња.
- Секојдневно испијте една чаша јогурт со пробиотици.
- За засладување на кафето користете кафев наместо рафиниран шеќер.
- Пијте доста течности - вода или чај. Не му давајте на телото да дехидрира, но сепак не претерувајте, доволни се 2 л течност дневно.
- Болката во глава е знак дека треба да се одморите или барем да забавите. Никогаш не работете под влијание на аналгетици туку одморете, а работата оставете ја за подоцна.