Велат дека кога врне дожд, душите на мртвите доаѓаат да ги видат оние кои најмногу ги сакале. Затоа кога јас нема да бидам таму кај што си ти дождот нема никогаш да престане.
Македонската фудбалска репрезентација се најде на 54. место на августовската ранг-листа на ФИФА, објавена вчера. Тоа е напредок од две места во однос на минатомесечниот пласман, иако нашиот национален тим немаше настап во тој период.
Од нашата квалификациска група за СП 2010, највисоко котира Холандија, која го окупира четвртото место. Со "портокаловите" играме на 10 септември на "Градски" во Скопје, а четири дена претходно ги отвораме квалификациите, исто така на "Градски", со 16-тата репрезентација во светот, Шкотска. Норвешка се искачи на 29. место, додека Исланд е единствениот тим зад нас на листата на 97. позиција.
По збиениот распоред во јуни, вклучувајќи ги ЕП 2008 и квалификациите за СП 2010, многу национални тимови паузираа во изминатите пет недели. Како и да е, има неколку значајни поместувања како резултат на намалувањето на вредноста на некои резултати од минатата година. Така, европскиот вицешампион Германија од третото се искачи на второто место, веднаш зад лидерот Шпанија, менувајќи си ги местата со светскиот првак Италија. Хрватска (5. место, +2) го има својот најдобар пласман од 1999 година, а јужноамериканските ривали Бразил (6, -2) и Аргентина (7, -1) отидоа надолу. Со шестата позиција, Бразил го забележа вториот најслаб пласман од воведувањето на листата во 1993 година.
Од друга страна, Русија (10, +1) се проби помеѓу најдобрите десет за првпат по повеќе од десет години, благодарение на одличниот настап на ЕП 2008 и намалувањето на вредноста на резултатите од претходните години. Европскиот првак Шпаија останува неприкосновен на врвот, зголемувајќи ја предноста на повеќе од 200 поени.