Велат дека кога врне дожд, душите на мртвите доаѓаат да ги видат оние кои најмногу ги сакале. Затоа кога јас нема да бидам таму кај што си ти дождот нема никогаш да престане.
Кирил Џајковски, човекот кој ја одбележа концертната сезона во Македонија, најавува уште неколку ексклузиввни настапи пред да се повлече да го заврши својот нов албум. Утре ќе настапи на Хераклеа во Битола заедно со штипскиот "Серџук оркестра". На концертот Кирил првпат патува со своја режија на светло, тон мајстор и монитор мајстор. Концертот ќе го отворат "Памперси" од Битола.
На 22-ри месецов, Кирил ќе настапи на белградскиот "Пиво Фест", во живо со 15 музичари на сцена. За оваа пригода специјална гостинка ќе му биде Ти Кеј Вондер, која неколкупати настапи кај нас како дел од дуото "Гаја" заедно со Дуке Бојаџиев.
Литиумци најавуваат уште еден настап на Кирил на 3 септември, со еден од најголемите британски бендови, но деталите за тоа, како што велат, наскоро.