Велат дека кога врне дожд, душите на мртвите доаѓаат да ги видат оние кои најмногу ги сакале. Затоа кога јас нема да бидам таму кај што си ти дождот нема никогаш да престане.
Насловна
ТРЧАЛ, ВИКАЛ, МАСТУРБИРАЛ И СЕКСУАЛНО ГО УПОТРЕБИЛ И СТОЛБОТ
Се фати за рекламата која стои на автобуската станица и почна да се трие од металната шипка, како да сака да води љубов со неа. Тоа траеше неколку минути, а кога се задоволи истрча и легна среде улица, раскажува сведок
Триесетгодишен дечко во неделата во 2 часот наутро ги вознемирил станарите на улицата "Ѓуро Ѓаковиќ" на Дорќол обидувајќи се да води љубов со метален столб. Запрепастени станарите повикале полиција и брза помош кои веднаш пристигнале на местото на чудниот настан и интервенирале.
- Спиев кога ме разбуди лаежот и 'ржењето на моите кучиња кои се имаа качено на прозорец. Станав да видам што се случува, отидов до прозорецот и останав скаменета. Го гледав со неверување. Имаше некаде околу 30 години, беше многу убав и извајан како грчка статуа.
Лежеше така некое време, а потоа стана и почна да трча и да вика на цел глас, раскажува една станарка од зградата на улицата "Ѓуро Ѓаковиќ". Според зборовите на жената која е сведок на несекојдневниот настан дечкото застанал за момент и тогаш се случило нешто за кое како што тврди се уште не може да поверува дека е вистина.
- Се фати за рекламата која стои на автобуската станица и почна да се трие од металната шипка, како да сака да води љубов со неа. Тоа траеше неколку минути, а кога се задоволи истрча и легна среде улица. Се исплашив дека може да настрада и повикав полиција. Полицијата и брзата помош стигнаа многу брзо и го тргнаа од улица. Бидејќи беше гол излегов и му дадов панталони. Му помогнав да ги облече и го одведоа со автомобилот на брзата помош, раскажува станарката од зградата.
СЕВЕРНИОТ СОСЕД НЕ МОЖЕ ДА ИЗЛЕЗЕ НА КРАЈ ОД ПЕРВЕРЗНИТЕ БУДАЛИ
Манијак лекува очајни Србинки
Пациентите го наоѓале Даба на месинџери кои служат за комуникација во живо. Тие кои имале веб камери имале можност да го гледаат Даба во живо како се соблекува, паѓа во транс и мастурбира
57-годишниот Милан Дабовиќ Даба од Крагуевац кој на српските сајтови се рекламира нудејќи помош за болни луѓе тврдејќи дека е биоенергичар, лекува луѓе на големи далечини со изопачени фотографии и мастурбирање преку интернет, откриваат пациентите на овој настран биоенергичар.
- Сакам да помагам особено на женскиот пол, со биоенергија на далечина и на близина, како поради лекување така и за забава која може да биде незаборавна - гласи еден од огласите на Даба. Колкава е неговата тарифа за ова изопачено лекување на сајтовите не е посочено. Но според кажувањето на неколку жртви на овој секс гуру Даба никогаш не им побарал пари. Други пак, велат дека се случувало да каже дека неговата тарифа е и по неколку стотина евра. Ваквата тарифа најчесто се однесувала на пациентки кои живеат во странство.
- Даба ветува лекување додека добро не ја запознае жртвата и не ја добие нејзината доверба, а потоа наместо лекување на далечина во што наводно е стручњак испраќа свои еротски фотографии и отворено повикува на секс тврдејќи дека така ја пренесува својата енергија на болните, раскажуваат пациентите на Даба. Пациентите го наоѓале Даба на месинџери кои служат за комуникација во живо. Тие кои имале веб камери имале можност да го гледаат Даба во живо како се соблекува, паѓа во транс и мастурбира.
Меѓу пациентите на Даба имало и малолетни девојки, но и момчиња коишто го лекувал на далечина.
Кога сфатив дека човекот е измамник, го избришав од списокот на пријатели на мојот месинџер, но тој почна да ми праќа заканувачки мејлови, раскажува една жртва на Даба.
Заканувачките писма на Даба
Српските весници објавија дел од заканите кои Даба ги праќал на неговите жртви. Еве дел од нив:
- Какво ѓубре си немам зборови. За мене пишуваат весниците и научните списанија, а за тебе, да имаш три животи може да излезе само жална вест, ако има кој да ја плати. Не, јас нема да те жалам, бидејќи ми е доста од такви веќе создадени баби и фала ти што бев подготвен да ти помогнем, а ти ме ослободи од времето да лекувам искомплексирана грда стари будали. Нема да ти останам должен, ќе те научам на памет да не можеш секого да заебаваш и ќе ја употребам својата моќ за... Во наредниот период страшно ќе те боли глава, така да ни лекарства нема да ти помогнат. Те поздравува бившиот пријател и види што уште ќе те боли, бидејќи правдата постои и таа делува, тоа наскоро ќе го увидиш.
П.С. Сите овие зборови се страшно негативни, а веќе си ги прочитала и оди кај доктор редовно - и напишал Даба на девојката која го разоткрила.