Велат дека кога врне дожд, душите на мртвите доаѓаат да ги видат оние кои најмногу ги сакале. Затоа кога јас нема да бидам таму кај што си ти дождот нема никогаш да престане.
Сте се запознале пред извесен период и сте излегле на пијалак, сте се бакнале, а потоа... дошло времето за „она“, или се уште не?
Кога е вистинскиот момент за одење в кревет со лицето кое ви се допаѓа? После првиот бакнеж? После седум состаноци или месец дена? Дали стихот „среќата е убава додека се чека е факт или губење на време?
Не постои одговор на ова прашање бидејќи секоја врска е приказна за себе, а правила не постојат. Единствено нешто што може да ви помогне е да обрнете внимание на некои сигнали кои би можеле да ви помогнат.
Ако вашиот партнер инсистира на секс и секој момент го користи за да ве наговори, не треба да попуштате. Таквото однесување е својствено за лицата кои по заминувањето в кревет набрзо „го креваат сидрото“.
Истото ве очекува и ако ви предлага да се гледате само на места на кои ќе бидете сами – неговиот стан, патување, шетање во природа... Затоа вие предлагајте ги местата на кои има многу луѓе, излегувањата со пријатели, одење во ресторани и кина. Доколку на вашиот партнер му е здодевно на такви места или бара изговор да не се појави, тогаш станува збор за лице кое го сака само „она“. Дали ќе му дозволите или не, зависи само од вас.
Понекогаш не е лошо да ја започнете врската со секс, бидејќи тој е најдобар показател дали вреди и понатаму да се трудите. Се случува после длабоки и емоционални врзувања, секот да биде лош и „се да падне во вода“. Сексот е важен дел од заедничкиот живот и добро е на време да се види дали се сложувате на тоа поле.
Одредени лица, особено жените, ја одложуваат интимната ситуација за да не излезат како „лесна роба“. Има логика и во тоа, но доколку избрале погрешен партнер, кого го бие „лошиот глас“ не им бега. Мажите кои „озборуваат“ истовремено и од мравка прават слон. Како да го препознаете? Па веројатно, уште на првиот состанок ќе ви опише некоја своја луда ноќ.
Има и такви кои се срамат од своето тело и затоа не се согласуваат на секс се додека целосно не се отпуштат. Сепак, ако партнерот пројавил желба за вас, тоа значи дека вашите мани не му пречат, туку напротив можеби го возбудуваат. Значи отпуштете се и фрлете се од себе, бидејќи самодовербата е најголем афродизијак.
И на крај, без разлика дали ќе се „предадете“ на првиот состанок или кога ќе ве запроси, секогаш користете кондоми.