Велат дека кога врне дожд, душите на мртвите доаѓаат да ги видат оние кои најмногу ги сакале. Затоа кога јас нема да бидам таму кај што си ти дождот нема никогаш да престане.
Потпретседателот на Милан, Адријано Галијани откри дека екипата на Челзи упатила енормна понуда за бразилскиот ас Кака, а постои и голем интерес од многу европски гиганти и за ангажман на италијанскиот репрезентативен плејмејкер, извонредниот Андреа Пирло.
За Кака, кој е актуелен европски и светски фудбалер на годината, росонерите веќе со години добиваат мултимилионски понуди од Челзи и Реал Мадрид, иако Милан постојано ги одбиваше овие понуди, велејќи дека Бразилецот не е за продажба и дека ниту тој сака да си замине, ниту клубот сака да го пушти.
"Пристигна навистина голема понуда од Челзи за Кака. Покрај тоа, имаме и голем број на понуди за Андреа Пирло. Во врска со изјавите дека Пирло треба да биде платен исто колку и Кака, можам да кажам дека досега ни Пирло, ниту неговиот агент не дошле во мојата канцеларија барајќи зголемување на платата", изјави Галијани по полемиките зошто Пирло заработува речиси двојно помалку во една сезона од Кака, иако е речиси незаменлива фигура во средината на теренот на екипата со која во 2007 година ја освои титулата европски првак.
Примањата на Кака за 12 месеци изнесуваат седум и пол милиони евра, додека Пирло заработува четири. Италијанецот одамна најави дека сака да ја продолжи верноста кон Милан, но останува да се види како ќе реагира на големиот број примамливи понуди за неговите услуги.